Search

Учениците на ОУ „Блаже Конески“ не го даваат игралиштето за градинка

Учениците и родителите во ОУ „Блаже Конески“ во Аеродром денеска протестираа против одлуката да се уништи игралиштето и на негово место да се изгради градинка. Се апелираше до градоначалникот да ја почитува желбата на жителите и да најде друга локација за градинка.

Градоначалникот на Аеродром Златко Марин дојде на протестот. Родителите му предложија детската градинка да се гради на местото на кафеаната која беше изградена пред неколку години во училишниот двор. На ова градоначалникот одговори дека одлуката тука да има детска градинка ја донело претходното раководство на општината, а дека кафеаната не може да се дислоцира бидејќи има уште две години договор за концесија. Сепак Марин дал рок од две недели во кој ќе се преиспита одлуката.

Треба да знаете
Последни објави