Search

Утринава повторно од Фабриката Железара црн чад (видео+фото)

Утринава повторно од Фабриката Железара црн чад

По јавувања во нашата редакција на 24 инфо вчера објавивме дека во Фабриката Железара (Макстил) испуштаат штетни материи од нивниот оџак.

Утринава повторно пристигнаа слики и видео материјал кој во целост го објавуваме од жителите на околните населби во Автокоманда дека има густ чад и мирис на гума.

Дел од граѓаните тврдат дека е пожар дел дека фабриката намерно го гори отпадот во печките.

24 инфо се обрати до Министерството за животна средина во текот на денот очекуваме одговор од надлежните.

 

Треба да знаете
Последни објави