Search

Утре топло време со засилен ветер

Времето денеска сончево со мала до умерена облачност, ќе дува слаб ветер, а вдолж Повардарието умерен од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 14 до 20 степени, информира УХМР.

Утре ќе преовладува топло време со засилен ветер од југозападен правец, особено во западните делови каде на еста ќе достигнува и над 70 километри на час. В четврток и петок времето ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег.

Пообилни врнежи на снег ќе има во западните делови каде на планинита ќе се формира снежна покривка од 15 до 25 см, велат од УХМР.

Треба да знаете
Последни објави