Search

Утре седница на Советот за безбедност

Утре, 23 септември 2020 година, среда, со почеток во 12:00 часот во Кабинетот на Претседателот „Вила Водно” ќе се одржи седница на Советот за безбедност на Република Северна Македонија.

На седницата, покрај постојаните членови на Советот, на покана на претседателот Стево Пендаровски ќе присуствуваат и директорот на Агенцијата за разузнавање Еролд Муслиу, директорот на Агенцијата за национална безбедност, Виктор Димовски, директорот на Оперативно-Техничката Агенција ОТА, Зоран Ангеловски и началникот на Генералштабот на Армијата на Република Северна Македонија, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски.

На осмата седница на Советот за безбедност ќе се разговара за политичко-безбедносната состојба во земјава по членството во НАТО.

Треба да знаете
Последни објави