Search

Утре променливо облачно, од понеделник сончево време

Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд кои во текот на денот ќе престануваат. Ќе дува засилен, повремено силен ветер од североисточен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8, а максималната од 8 до 14 степени.

Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од североисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 12 степени.

Од понеделник следува период на стабилно и сончево време со ниски утрински температури, а дневните температури ќе бидат во пораст.

Треба да знаете
Последни објави