Search

Утре променливо облачно време од сабота снег на планините

Времето утре претпладне ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, претежно во јужните делови. Попладне облачноста делумно ќе се намали. Ќе дува умерен, по должината на Повардарието повремено засилен ветер од северен правец, информира УХМР.

Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 9, а максималната ќе достигне од 10 до 16 степени.

Во Скопје претпладне променливо облачно, а во текот на денот облачноста ќе се намалува. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 13 степени.

В четврток и петок времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. В сабота ќе има продор на постудена воздушна маса проследен со засилен северен ветер, што ќе предизвика опаѓање на температурите и слаб снег на планините.

Треба да знаете
Последни објави