Search

Утре продолжува конситутивната седница со избор на собраниски претседател

Претседавачот и поранешниот собраниски спикер Талат Џафери, попладнево дал налог на собраниските служби да бидат подготвени утре да продолжи конситутивната седница почната на 4ти август, oбјави Сител.

Џафери за ова ги известил сите парламентарни партии а на седницата треба да се направи избор на нов претседател на Собранието. Како што потврди за Сител, поранешниот претседател на собранието се решил на ваков чекор откако шефот на државата Стево Пендаровски најави дека утре попладне ќе му го врачи мандатот за составуњае на нова Влада на лидерот на СДСМ Зоран Заев.

-Овој потег на Пендаровски за мене беше сигнал дека е обезбедено потребно владеачко мнозинство, бидејќи мандат според Уставот се дава на партијата односно партиите што имаат обезбедено мнозинство во Парламентот. Ако има вакво мнозинство ќе има мнозинство и за избор на претседатеел на Собранието, вели Џафери за Сител .

Треба да знаете
Последни објави