Search

Утре првата виртуелна министерска средба во историјата на НАТО

Министрите за надворешни работи на 30 држави на НАТО ќе разговараат в четврток на својата прва видео конференција во историјата, за одговор на Алијансата на пандемијата на коронавирус и други клучни прашања, објави денеска генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

„Треба да се осигураме дека здравствената криза нема да предизвика безбедносна криза”, рече Столтенберг во видео конференција за новинари.

Тоа ќе биде прва видео-средба во 70-годишната историја на Алијансата. Пристапот до седиштето на НАТО во Брисел е ограничен за сите посетители, вклучително и новинарите, за да се минимизира ширењето на зараза.

– Ние се обидуваме да преземеме акција за превенција на Ковид 19, но НАТО продолжува да функционира, бидејќи заканите нема да исчезнат со чудо, рече Столтенберг.

Министрите за надворешни работи, исто така, ќе разговараат за улогата на НАТО во борбата против меѓународниот тероризам, вклучувајќи ја и мисијата за обука на ирачките сили, а потоа и за обезбедување долгорочен мир и стабилност во Авганистан.

Министрите ќе разговараат и за зајакнување на политичката улога на Алијансата. Генералниот секретар Столтенберг во вторникот назначи група од десет експерти кои ќе го советуваат како да се зајакне политичката димензија на Алијансата.

Во оваа советодавна група има пет жени и пет мажи. Копретседавачи на групата ќе бидат поранешниот германски секретар за внатрешни работи и одбрана Томас де Мезиер и Вес Мичел, помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања.

Таа група ќе предложи препораки за зајакнување на единството на Алијансата, зајакнување на политиките за консултации и координација меѓу сојузниците и зајакнување на политичката улога на НАТО.

Треба да знаете
Последни објави