Search

Утре откажана наставата во ОУ„Петар Здравковски Пенко“ поради немање парно, а децата од градинката во Скопје Север да се носат во Бутел2

Градоначалникот на Општина Бутел, Велимир Смилевски апелира до граѓаните утре ( понеделник 03.12.2018) да не ги носат своите деца на настава во ОУ”Петар Здравковски Пенко” бидејќи ќе нема парно греење во целата населба.

-Изгубената настава дополнително ќе се надокнади.  Исто така децата од градинката во Скопје Север родителите ќе треба да ги однесат во градинката во Бутел 2. Благодариме за разбирањето, велат од Општина Бутел.

Треба да знаете
Последни објави