Search

Утре изменет режим на сообраќај поради концертот на Здравко Чолиќ

На 15.06.2019 година (сабота) со почеток во 20:00 часот на стадионот „Тодор Проески“ ќе се одржи концерт на пејачот Здравко Чолиќ. Од тие причини Одделението за Безбедност на патниот сообраќај ќе превземе мерки за посебен режим на сообраќајот во периодот од 18:00 до 23:00 часот со периодично пренасочување на сообраќајот на бул.„Илинден“, ул.„Аминта 3-ти“ и ул.„Наум Наумовски Борче“. За таа цел МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.

Треба да знаете
Последни објави