Search

Утре доаѓа циклонот Силвија: Врнежи, грмежи, невреме и град

Утре доаѓа циклонот Силвија: Врнежи, грмежи, невреме и град

Од утре (среда) па во текот на следните денови територијата на нашата држава ќе подпадне под влијание на нов циклон, името на циклонот е СИЛВИЈА. Истиот ќе услови ЗНАЧИТЕЛНО ДЕСТАБИЛИЗИРАЊЕ на атмосферата па така врнежите и грмежите ќе бидат се почести и локално ќе бидат значително ПОРОЈНИ проследени со засилен ветер, силни електрични празнења и појава на град.

Во текот на следните денови исто така локално се очекува да наврне ГОЛЕМО КОЛИЧЕСТВО НА ВОДЕН ТАЛОГ ( преку 30 – 40 л/м2).

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Во зоната на големата нестабилност има услови за локални поројни поплави а додека трае засилениот ветер граѓаните да бидат крајно претпазливи каде се движат а возачите своите автомобили да ги ставаат понастрана од дрвјата. Исто така во текот на електричните презнења граѓаните да не претстојуваат на отворен простор и под осамени дрвја и домаќинските уреди да се исклучуваат.

Овчарите своите стада да ги делат во помали групи со цел да ги заштитат. Во ваква ситуација планинарите да избегнуваат прошетка во планина. Што се однесува до температурите на воздухот утре (среда) ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 35 степени додека од четврток истите ќе бележат тенденција на постепено но помало опаѓање.

Славчо Попоски

Треба да знаете
Последни објави