Search

Утре во Собрание измени на Законот за здравствена заштита по долгогодишна борба на докторите

Утре во собраниска процедура влегуваат новите измени во Законот за здравствена заштита според кои се предвидувасекој пациент што ќе бара услуги во дополнителна дејноста на доктор да плаќа само за услугата на докторот според ценовник, а зафатот, односно услугата ќе биде покриена од Фондот за здравствено осигурување.  Досега овие услуги целосно се плаќаа од страна на пациентите. Oва е по долгогодишно барање на докторите.

Друга измена ќе биде дека пензионираните доктори да може консултативно да работат во местото на живеење. Досегашното решение ова го овозможуваше, но докторите мораа да работат надвор од своето место на живеење.

Досегашната обврска на специјализантите да работат двојно повеќе во установата од годините поминати за специјализација, однос кој се сметаше на некој начин за “лихварска” услуга во здравството, ќе има значајна измена. Колку години се поминати на специјализација, толку има обврска докторот да остане во установата која му ја овозможила специјализацијата.

И уште една измена се однесува на директорите кои не можеа да дежураат во институциите, сега тоа ќе им биде овозможено во нивната област.

Треба да знаете
Последни објави