Search

Утре без струја дел од корисниците во Карпош, Центар и Сопиште

Од „ЕВН Македонија” информираат дека утре поради технички зафати во електро-системот на Град Скопје и без електрична енергија ќе останат корисниците од улиците „Драгутин Аврамовски Гуте” и „Иван Цанкар”, во општина Карпош, и тоа во периодот од 09:00 до 12:00 часот.

Во општина Карпош без струја ќе бидат и дел од корисниците на улица „Ристо Равановски”, и тоа од 09:00 до 14:30 часот.

Технички зафати ќе има и во општина Центар, со што без електрична енергија ќе бидат корисниците од улица „Шумадинска” и уличките во близина, во периодот од 08:00 до 10:00 часот.

Без струја ќе бидат и дел од корисниците од с. Нова Брезница во општина Сопиште и тоа во периодот од 09:00 до 13:00 часот.

Треба да знаете
Последни објави