Search

Утре без вода ќе останат дел од корисниците во Центар

Дел од корисниците во општина Центар утре, 6 октомври, ќе останат без вода од 9 часот до завршување на интервенцијата, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи.

„Од ЈП Водовод и канализација е добиено известување дека заради реконструкција на водоводна мрежа на ул. Павел Шатев во населба Кисела Вода, на ден 06.10, без водоснабдување од 09 часот до завршување на интервенцијата ќе останат корисниците од ул. Серска, дел од ул. Партениј Зоографски, ул. Димче Мирчев, дел од ул. 50 Дивизија и дел од бараките на МВР во Општина Центар“, соопшти РЦУК.

Треба да знаете
Последни објави