Search

Утре без вода дел од корисниците во Центар и Гази Баба

ЈП Водовод и канализација-Скопје информира дека утре поради отстранување дефект на водоводна мрежа на ул.Роза Луксембург 21, од 09:00 часот до завршување со активностите, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул. Роза Луксембург, како и делови од улиците: Петар Поп Арсов, 9-ти Мај, Христо Смирненски, од Митрополит Теодосиј Гологанов, Костурски Херои, Борка Талевски и Диме Аницин во општина Центар.

Поради отстранување дефект на затворач од водоводна мрежа со пречник од ф-100 мм на ул. 1632 бр. 32 ( кај Кванташки пазар), од 09:00 часот до завршување со активностите прекинато водоснабдување ‘e имаат корисниците од истата улица во општина Гази Баба.

Треба да знаете
Последни објави