Search

Утврден голем број на новозаразени во германската кланица, сопственикот уверен дека ќе се справи со кризата

Бројот на заразени од коронавирус се зголеми за 300 во кланицата во Гистерлох и достигна 1.331, соопштија официјални лица од Северна Рајна-Вестфалија, кои го посетиле жариштето и стравуваат од втор бран на инфекција.

Тие рекоа дека се чекаат резултати од 250 тестови од 6.139 спроведени во просториите на кланицата.

Премиерот на таа сојузна покраина, Армин Лашет, кој го посети жариштето во Гистерлох, смета дека засега нема причина да се затвори кланицата.

„Опасноста од пандемија е огромна, но инфекцијата е локализирана во кланицата ‘Тоeни’ и инфекцијата не се шири“, рече тој.

Сепак, не исклучи целосно затворање ако состојбата се влоши. Сите работници сега се во карантин.

Избувнувањето на инфенкцијата предизвика реакции во јавноста кои бараат сопственикот да си даде оставка, но Клеменс Тоени инсистира дека ќе ја изведе компанијата од кризата.

Северна Рајна-Вестфалија е меѓу германските покраини кои се најтешко погодени од Ковид-19.

Германскиот институт Роберт Кох, центар за контрола на заразни болести, во последните 24 часа забележа 687 нови инфекции, со што вкупниот број од избувнувањето на епидемијата во таа земја достигна 189.822.

Бројот на починати од коронавирус во Германија е 8.880, објави центарот.

Треба да знаете
Последни објави