Search

Уставното тело на Сирија мора да биде инклузивно, вели Германија

Комитетот задолжен за нацрт-уставот на Сирија треба да биде балансиран и инклузивен за сите Сиријци, изјави министерот за наворешни работи на Германија, Хаико Мас.

Во изјава пред средбата со специјалниот дипломатски претставник на ОН Гир Педерсен, Мас посочи дека Германија како член на „малата група за Сирија“ ќе продолжи да вложува напори за формирањето на комитетот за нов устав на Сирија.

„Формирањето на уставниот комитет ќе ги отвори вратите за понатамошните политички промени во Сирија. Балансиран и инклузивен состав на комитетот е предуслов за успех“, вели Мас.

Специјалниот дипломатски претставник на ОН, Гир Педерсен, посочи дека на Сирија итно ѝ е потребен нов почеток за да постигне прогрес и да изнајде политичко решение.

„Потребна ни е доверба меѓу различните заедници и потребно е да одиме напред во насока на политички прогрес“, посочи Педерсен.

Дипломатот од ОН додаде дека почетокот на работата на уставното тело ќе игра клучна улога во процесот.

„Се надеваме дека ова ќе отвори нови можности за политичкиот процес во Сирија“, вели Педерсен и додава дека се уште има прашања кои допрва ќе се решаваат.

Треба да знаете
Последни објави