Search

Уставните судии дадоа зелено светло за референдумот

Уставните судии дадоа зелено светло за референдумот

Референдум на 30 септември ќе има. Уставниот суд со мнозинство гласови одлучи да ги отфрли трите инцијативи за проверка на уставноста и законитоста на одлуката на Собранието за распишување на граѓанското изјаснување, иако судијата известител сметаше поинаку.

„Судот не изрази сомнеж за неуставноста и незаконитоста на оспорената одлука“, официјално велат од судот.

Со ова се дава целосен легитимитет на собраниската одлука и на референдумските активности кои веќе се во поодмината фаза. За инцијаторите Одлуката на судот е политичка и неприфатлива. Повикаа на бојкот на 30 септември.

Уставните судии речиси три часа распаваа по извештајот на судијата Гошева дека парламентот не донел уставна и законска одлука за распишување на референдумот и која предложи да се прекинат актвиностите за него.  Според нејзината анализа рефрендумското прашање е збунувачко и конфузно. Според нејзе нема ни образложение за тоа дека всушност се менува името на државата од Република Македонија во Република Северна Македонија.

Поддршка доби единствено од колегата Јосифовски кој обвини дека судиите кои гласале против иницијативата биле повикувани претходно за да им се изврши притисок како да гласаат.

Останатите седум уставни судии сметаа дека одлуката на Собранието е целосна, а прашањето јасно и недвосмислено и засновано на Устав и закон. Правеа споредби со референдумскотот прашање од 1991 година.

Костадиновски, кој дојде во Уставниот суд неодмана како прелог на претседателот Иванов, рече дека не треба да се потценуваат граѓаните дека не знаат за што одлучуваат.  За Осман Кадриу догворот од ПреспA не во интерес на власта и партиите, туку во интерес на државата и граѓаните.

Претседателот Ивановски пак, рече дека очекува Уставниот суд да биде мета на критики, но дека одлуките не се носат за јавноста туку согласно Устав и закон.

Уставниот суд беше чуван од бројни полициски сили, а пред судот имаше неколкумина демонстранти.

Треба да знаете
Последни објави