Search

Успешно заврши меѓународниот тениски турнир во Аеродром

Берк Бугариќ и Калин Ивановски се најдобро пласираните македонски тенисери меѓу стотината светски јуниори во тенис, кои настапија на ИТФ турнирот минатата недела во Спортскиот центар „Јане Сандански“ во Општина Аеродром. Тие го освоија второто место во категоријата двојки во машка конкуренција во финалето со Ондреј Хорак и Каро Томански.

Третиот по ред турнир за јуниори до 18 години се одржа во машка и женска категорија, а  се играше на четири терени на земјена подлога.

Домаќин на турнирот е тенискиот клуб „Тенис парк“  ‒ Скопје кој уште еднаш го потврди својот водечки статус во македонскиот тенис и покрај лошите временски услови.

Инаку, во машка категорија Ондреј Хорак од Чешка го освои првото место, а веднаш зад него на втората позиција беше Кајли Лок Јин Танг од Кина, додека кај девојките Бјанка Елена Барбулеску од Романија беше подобра од  нејзината сонародничка Даниела Андреа Роска. Во конкуренција на двојки Дариа Шаламанова и Беатрис Спасова од Бугарија беа подобри од Бјанка Елена Барбулески и Даниела Андреа Роска.

Треба да знаете
Последни објави