Search

Усеин Болт соопшти убава вест, пристигнува најбрзото бебе во светот

Најбрзиот човек на планетата наскоро ќе стане татко. Неговата сопруга Каси Бенет е бремена, а семејството долго време криело дека ќе имаат бебе.

„Само да ви кажам, на пат е еден крал, или кралица“, напишал тој веднаш до фотографијата.

https://www.instagram.com/p/B7qHthzl3XQ/

Болт собори многу рекорди во атлетиката, и бидејќи крвта не е вода, можеби неговиот наследник или наследничка ќе тргне по стапките на славниот татко.

И покрај многуте испади на Јамајчанецот, меѓу кои и неверство, неговиот брак успеа да опстане.

Треба да знаете
Последни објави