Search

Усеини повикува на протест поради рушење на дивоградбите во Охрид

Советникот  во општина Охрид, Нефи Усеини преку Фејсбук статус повика на протест против акцијата за уривање на дивоградбите во градот кој е под заштита на УНЕСКО.

-Во овој период сите чувстуваме притисок од страна на институциите кои сакаат да ни наштетат. Од 1400 дивоградби вклучувајќи ги и оние покрај Езерото кои го ризикуваат исклучувањето од Охрид од УНЕСКО кои исто така ги окупираа тротоарите на градот, а читаме само за градби како куќи и џамии кои им припаѓаат на охриѓани. Затоа едногласно да станеме да ги браниме покривите на нашите браќа затоа што тие можат да бидат и наши. Според тоа на 25 09 2019 година (среда) во 10.00 часот пред општина Охрид  масовно да се поддржиме едни со други како секогаш сме правеле за нашите сограѓани – напиша Усеини.

Советникот Усеини е сопственик на дивоизградена тераса на пицерија до чинарот во Охрид, а спорни има уште неколку објекти.

Треба да знаете
Последни објави