Search

Усвоен амандман против можноста за суспензија на Парламентот за одлуки за Брегзит

Британските пратеници денеска со мнозинство гласови ги поддржаа предлозите со кои на следниот премиер ќе му се отежне донесувањето одлуки за излез на Британија без договор со ЕУ со суспендирање на Парламентот, што повторно ја покажа нивната одлучност да го запрат излезот на Британија од ЕУ без договор.

Фаворитот во трката за нов лидер на Конзервативната партија и иден премиер на Обединетото кралство, Борис Џонсон претходно изјави дека Британија мора да ја напушти Европската унија до 31 октомври со или без договор. Тој одби да исклучи суспензија или распуштање на Парламентот за да ги спречи пратениците да усвојат закон кој би го блокирал неговиот план за излез на Британија доколку тоа биде без договор со ЕУ.

Велика Британија требаше да ја напушти ЕУ на 29 март 2019 година, но британскиот Парламент три пати го тргна настрана проектот за спогодбата за Брегзит, што Тереза Меј го постигна за време на преговорите со европските лидери.

На крајот ЕУ се согласи да го одложи датумот за Брегзит првично за април-мај, а потоа и за 31 октомври 2019 година.

Премиерката во заминување Тереза Меј е разочарана што министрите денеска не гласале со неа, соопшти нејзината канцеларија.

Премиерката е очигледно разочарана затоа што многу министри денеска попладне не гласаа, стои во соопштението, во кое се додава дека нејзиниот наследник без сомнеж тоа ѓе го земе предвид кога ќе формира Влада

Треба да знаете
Последни објави