Search

Усвоена одлуката за бројот на попретседатели на Собранието

Пратениците денеска со 60 гласа „за” и 22 „против” ја усвоија Одлуката за утврдување на бројот на потпретседателите на законодавниот дом.

На денешното продолжение на втората собраниска седница беше усвоена одлуката која се однесува само на бројот на попретседатели, но не се расправаше за персоналните решенија. Изборот на потпретседатели на Собранието ќе се врши на друга собраниска сеница.

Претседателот на Собранието Талат Џафери предлага Собранието да има петмина потпретседатели. Во образложението на предлогот, повикувајќи се на Деловникот и на Законот за Собрание, се наведува дека „бројот на потпретседателите го утврдува Собранието, по предлог на претседателот. Потпретседателите се избираат од редот на пратениците кои припаѓаат на различни политички партии застапени во Собранието”.

Во Собранието за денеска е закажано и продолжение на петнаесеттата седница на чиј дневен ред се останати Предлог-законот за изменување на Законот за заштита на укажувачи, Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за судските такси, Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за автокампови, и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за скијалишта, сите во прво читање.

Треба да знаете
Последни објави