Search

Усвоена информација за изградба и рехабилитација на спортски сали во училиштата

Владата ја разгледа и усвои информацијата за продолжување на постоечкиот проект за изградба и опремување на спортски сали во основните училишта, и рехабилитација на основни и средни училишта за реконструкција на 30 постоечки училишни спортски сали во основни и средни училишта, како и за опремување на 50 постоечки училишни спортски сали во основни училишта во рамки на 5. отворен повик на Инструментот за инвестициска рамка за Западен Балкан (WBIF) до Европската Комисија, најдоцна до 6 декември годинава.

Како што соопшти владината прес-служба, на денешната седница Владата го усвоила и Предлог – законот за задолжување на Република Северна Македонија со заем кај германската банка за поддршка на развојот КфВ за финансирање на Проектот за енергетски ефикасна рехабилитација на студентските домови во Република Северна Македонија.

Треба да знаете
Последни објави