Search

Уругвај му даде отказ на селекторот Табарез и 400 вработени во Фудбалскиот сојуз

Селекторот на Уругвај, Оскар Табарез и уште 400 вработени во тамошната фудбалска Федерација добија откази поради пандемијата на коронавирус.

На таков чекор се решија челниците на Федерацијата и покрај, само, 274 позитивни случаи на Ковид-19 во земјата.

„Се решивме на серија тешки одлуки во оваа криза за заштита на институцијата во иднина”, се вели во соопштението на ФФ на Уругвај.

Сите отпуштени ќе бидат на колективно осигурување како невработени и најверојатно ќе се вратат на своите работни места по завршување на кризата.

Табарез е на чело на репрезентацијата на Уругвај од 2006 година и оттогаш ја предводеше до полуфинале на СП 2010 во Јужна Африка и со шампионска титула на Копа Америка. с

Треба да знаете
Последни објави