Search

Урсула фон дер Лејен: Одлични вести за Западниот Балкан и за ЕУ

– Одлуката на Советот за општи работи на ЕУ за почеток на пристапни преговори со Северна Македонија и Албанија претставува одлични вести за Западниот Балкан и за Унијата, оцени претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен.

– Одлични вести за Западниот Балкан и за ЕУ. Јас сум задоволна што земјите членки дадоа зелено светло за почеток на преговори за членство со Албанија и Северна Македонија. Се надевам дека лидерите на ЕУ ќе ја одобрат оваа недела. Иднината на Западен Балкан е во ЕУ. Честитки до Еди Рама и Оливер Спасовски, објави Фон дер Лејен на Твитер.

Треба да знаете
Последни објави