Search

Урнат воен авион на сириската Влада во Идлиб

Воен авион на сисриската Влада се урна во провинцијата Идлиб, откако го погодила бунтовничка група, соопшти Сириската опсерваторија за човекови права.

Просириската опозициска телевизиска станица „Ориент“ наведува дека авионот бил урнат над Кан Шејкун, град кој е под контрола на бунтовниците.

Сириските државни медиуми не известуваа за инцидентот, пренесе Ројтерс.

Џихадистичката група Тарир ел Шам, соопшти дека го урнала авионот над Идлиб. Таа група навела дека се работи за авионот „сухој 22“.

Треба да знаете
Последни објави