Search

Уредете со стил, идеи за уредување на мал стан

Како успешно да се избере внатрешноста на мал стан? Како да го зголемите просторот во мал стан?Како да се направи изглед на стансо мала квадратура? Често постававувани прашања кога станува збор за уредување на стан со помала квадратура.Во прилог следат идеи и трикови како да го уредите просторот ва вашиот дом.

Во стан со помала квадратура може да посакаме и да добиеме нешто посветло, повисоко и поубаво.Едноставно просторот може да го зголемиме на неколку начини: да одбереме мебел за внатрешноста во светли бои, да истакнеме некое парче во ентериерот со свежа боја која ќе создаде чувство на пространост, а воедно ќе внесе и свежина во целиот простор, ослободете се од сите преградни ѕидови коисе непотребни, внимателно зонирајте, што и каде да се постави.Додатете огледало на некој ѕид, на тој начин ќе го зголемите и ќе постигнете ефект на поголем простор. Акцентирајте одредени области со користење на тапет или принт.

Многу важно е да се консултирате со дизајнер на ентериерикој ќе ви даде совети за користење на трикови во уредувањето на мал стан.На пример плакарите одберете да бидат во бела боја или пак некоја друга светла боја со што ќе го отворите просторот, велат темните бои не даваат пространост и отвореност во мал стан.Одберете софа со механизам за спуштање. На тој начин ќе добиете поголем простор.Можете да бидете храбри во избирањето на боја на софата, нека биде некоја јака, жива боја која што ќе доминира во дневниот дел во кој што поминувате највеќе време. Ѕидот спроти софата доколку е во некоја ваква боја , смирето го, или најдобро нека остане бел.Телевизорот поставете го на ѕид, под него поставете полица, украсете ја со декоративни елементи за да добиете поинетересен дел.

Заштедете драгоцени квадрати во делот на трпезаријата, празниот дел помеѓу кујната и дневната искористете го токму за ова.

За да оставите целосен впечаток мудро одберете ги завесите и тапетите, кои се исто така важен детал за секој стан. За рустикален шарм и пријатна атмосфера одберете храбри завеси, цветни материјал, пастелни бои кои би се вклопиле со останатиот мебел во дневниот простор. Тапетите нека бидат доминантни на одреден дел, во пастелни и живи бои, можете да одберете и некој принт со кои же додадете дополнителен ефект во просторот.

Треба да знаете
Последни објави