Search

Ураган доаѓа кон Европа:Силна олуја со ветрови од 185 км на час доаѓа сè поблиску

Ураганот Лесли брзо напредува преку источниот Атлантик кон Шпанија и Португалија, каде според прогнозите, ќе пристигне денес и утре.

Лесли е лоциран на околу 400 километри јужно од Азорските острови во Португалија.

Лесли, олуја од прва категорија, носи ветрови кои дуваат со брзина од околу 185 километри на час, навел американскиот Национален центар за урагани.

Центарот ги предупредил Шпанија и Португалија да го надгледуваат движењето на олујата Лесли.

Предупредување за тропската олуја било издадено во петокот на португалскиот остров Мадеира, а проаѓањето на олујата се очекува на северната страна на островот во сабота, по што движењето ќе продолжи кон југозападниот дел на Иберискиот полуостров во недела и кон внатрешноста на полуостровот во недела навечер.

Како што се очекува, Лесли ќе погоди некои подрачја од Португалија и Шпанија.

Треба да знаете
Последни објави