Search

Управител од струшко фалисфикувал банкарски уплатници

Жител на струшкото село Радолишта платил прекршочни пријави со фалисфикувани две банкарски уплатници во износ од околу 130.000 денари.

Станува збор за М.Д.(51) од село Радолишта, против кого Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична за фалсификување или уништување на деловни книги.

Истрагата утврдила дека осомничениот на први март минатата година, како управител на фирма, изготвил две лажни банкарски уплатници во износ од 98.400 и 29.520 денари, по што во одделението за прекршоци во СВР Охрид ги приложил како доказ за извршена уплата за сторени прекршоци.

Треба да знаете
Последни објави