Search

Управен суд забрани дизелаши во Келн и Бон

Германските градови Келн и Бон ќе мора од април 2019 година да воведат забрани за движење на возила на дизел погон што не ги задоволуваат најновите стандарди за ниво на испуштени штетни гасови. Тоа го одлучи денеска Управниот суд во Келн, јави ДПА.

Во образложението на судската одлука се наведува дека предолго се чекало за намалување на нивото на штетни гасови и дека сега единствената мерка што преостанува е забрана.

Забраната од април 2019 година ќе се однесува на возила до норма Еуро 4, а од септември за автомобили со ознака Еуро 5.

Забраната ја побараа од еколошкото здужение Германска заштита на природата која вече во неколку германски градови по судски пат се избори за забрани.

Треба да знаете
Последни објави