Search

Управата на Јунајтед со ултиматум до Мурињо: Нема да добие отказ ако исполни еден услов…

Од управата на Манчестер Јунајтед очигледно се уште веруваат во Жозе Мурињо, па Португалецот ќе добие уште една шанса до крајот на оваа сезона.

Наводно, на Мурињо му бил поставен ултиматум – пласман во Лигата на шампионите идната сезона, во спротивно ќе добие отказ по крајот на сезоната.

Според досегашната форма, не се очекува Манчестер Јунајтед да заврши на едно од четирите позиции кои што водат во Лигата на шампионите, па пласманот во најелитното европско клубско натпреварување нема да биде лесен залак за Мурињо и неговата екипа.

Како и да е, сезоната е долга и „Црвените Ѓаволи“ дефинитивно не треба да бидат отпишани. Британски медиум пренесува дека доколку Јунајтед не се пласира во Лигата на шампионите идната сезона, Мурињо ќе добие отказ, а на негово место ќе пристигне актуелниот тренер на Тотенхем, Маурицио Покетино.

Треба да знаете
Последни објави