Search

Упамекано: Англичаните се светска класа

Францускиот дефанзивец Дајот Упамекано зборуваше за претстојниот натпревар против Англија во четврт-финалето на Мундијалот во Катар. Тој откри дека допрва треба да добие конкретни инструкции од Дидие Дешамп како да се справи со напаѓачите на Англија.

„Сè уште не сме ги гледале видеата, но повеќето ги знаеме, тие се фудбалери од светска класа. Имавме доволно време да се одмориме и да се подготвиме за овој натпревар. Ги видовме нашите семејства, што добро се одрази на нас“, сподели дефанзивецот.

„Дали Лорис ми даде совет за Кејн? Не, се уште не. Но, ќе разговараме, сигурно. Тие се соиграчи. Го познавам Кејн, знам како игра. Ќе бидеме внимателни и подготвени“, изјави францускиот репрезентативец.

Треба да знаете
Последни објави