Search

Упад во домот на претседателката на Централната изборна комисија на Русија

Маскиран напаѓач влегол во куќата на претседателката на Централната изборна комисија на Русија, Ела Памфилова, ја погодил со зашеметувач и потоа избегал, пренесува ТАСС.

„Инспекторите во московската регионална полиција отворија истрага за нападот“, рече портпаролката на Министерството за внатрешни работи, Ирина Волк.

Таа објасни дека полицијата добила пријава за напад врз сопственичката на куќата во московското предградие Истра, и дека по пристигнувањето на местото на настанот, полицајците утврдиле дека жртвата е Ела Памфилова.

„Маскираниот напаѓач го скрши прозорецот и влезе во тремот, неколку пати ја удри жртвата со зашеметувач, а потоа побегна“, рече Волк.

Според неа, истрагата е отворена под сомнение за грабеж.

Треба да знаете
Последни објави