Search

УНИЦЕФ: Децата во Јужна Америка под ризик и од урагани

Голем дел од 70 милиони деца погодени во Јужна Америка од пандемијата Ковид-19, особено во Централна Америка и Карибите, се изложени на ризик од тековната сезона на урагани, предупреди УНИЦЕФ.

Во наредните недели, децата и нивните семејства ќе бидат погодени од две катастрофи во исто време.

Бидејќи Националната администрација за океани и атмосфера предвидува дека ќе има 60 проценти шанси за екстремна активност оваа година со урагани, УНИЦЕФ нагласува дека пандемијата веќе ги засилува националните и локални здравствени системи кои нема да издржат уништувачки урагани.

Според УНИЦЕФ, има околу 43 милиони луѓе во 29 мали островски земји во развој (СИДС) на Карибите, а од нив 12,6 милиони се малолетни. Во шериодот 2010-2019 година, бурите насилно раселиле 895.000 деца на Карибите и 297.000 во Централна Америка.

Во тој поглед, ОН ги повикаа владите да ги подготват и прилагодат своите стратегии за катастрофи со реалноста на пандемијата Ковид-19, имајќи предвид дека присилното раселување и сиромаштијата придонесат за ширење на болеста. 

Треба да знаете
Последни објави