Search

Универзитет Американ Колеџ Скопје на онлајн платформата Webex, ја одржа 15-та Меѓународна академска конференција на тема „КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ: ПРЕДИЗВИЦИ И ГРАДЕЊЕ ИЗДРЖЛИВОСТ“.

 На 21 мај 2020 г., Универзитет Американ Колеџ Скопје на онлајн платформата Webex, ја одржа 15-та Меѓународна академска конференција на тема „КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ: ПРЕДИЗВИЦИ И ГРАДЕЊЕ ИЗДРЖЛИВОСТ“.

Официјалното отворање на конференцијата беше означено со обраќање на Неговата Екселенција проф. д-р Стево Пендаровски, Претседател на Република Северна Македонија, кое беше проследено со обраќање и на Неговата Екселенција г. Самуел Жбогар, Амбасадор на Делегацијата на Европска Унија во Република Северна Македонија.

Специјални говорници на конференцијата беа заменик министерот за животна средина и просторно планирање, г. Јани Макрадули, Директорката на Фридрих Еберт Штифтунг за Република Северна Македонија, г-ѓа. Ева Елерајт, Директорот на Хабитат Македонија, проф. д-р Зоран Костов, како и добитничката на наградата за животна средина „Голдман“ за 2019 г., г-ѓа. Ана Чоловиќ Лешоска.

Во име на организаторите, на гостите им се обратија проф. д-р Миодрага Стефановска Петковска, Универзитет Американ Колеџ Скопје, и проф. д-р Марина Андева, Универзитет Американ Колеџ Скопје.

проф. д-р Миодрага Стефановска Петковска, Претседавач со конференцијата, Универзитет Американ Колеџ Скопје

Во своето обраќање проф. Стефановска – Петковска ја нагласи лекцијата која ја научивме како човештво од корона пандемијата. Имено, иако светот беше соочен со криза од огромни размери, човештвото научи дека изолацијата не значи да се биде сам. Се потсетивме на важноста од чисто небо, незагаден воздух и улици ослободени од сообраќаен метеж и оставени само на пешаците и точаците. Со тоа, на еден свој уникатен начин, корона пандемијата не научи да му дадеме шанса на зеленото.

 

Неговата Екселенција проф. д-р Стево Пендаровски, Претседател на Република Северна Македонија

Претседателот Пендаровски ја нагласи врската помеѓу пандемијата и климатските промени. Коронавирусот доведе до забавување, некаде и до целосно запирање на индустријата, производството, транспортот во многу земји во светот. Краткорочно, тоа има позитивен ефект врз животната средина. „Оксфорд аналитика“ проценува дека „емисиите на јаглероден диоксид значително ќе се намалат во 2020 година како резултат на продолжениот прекин на многу економски активности“. Сателитите на НАСА и на Европската вселенска агенција потврдија дека, само во случајот со Народна Република Кина, нивото на нитроген диоксид (NO2) е намален за 40%. Овие податоци  недвосмислено потврдуваат две нешта. Прво, дека човекот е одговорен за емисијата на јаглероден диоксид во атмосферата. И второ, дека природата сè уште може за релативно кратко време да врати дел од нарушениот баланс. Се разбира, доколку тоа ѝ го дозволиме. Сè додека фосилните горива се срцето на глобалниот енергетски систем, ние ќе имаме неодржлив економски модел на раст и развој. Затоа, нашиот економски и  хничко-технолошки развој мора да стане климатски неутрален. Престдателот нагласи четири клучни точки

  1. Прво, потребна е синергија меѓу природните и општествените науки.
  2. Второ, потребна е солидарност во општеството.
  3. Трето, неопходна е солидарност меѓу државите.
  4. Четврто, неопходна е трансгенерациска солидарност.

 

Неговата Екселенција г. Самуел Жбогар, Амбасадор на Делегацијата на Европска Унија во Република Северна Македонија

ЕУ Амбасадорот Семјуел Жбогар во своето обраќање ја истакна можноста да се претвори климатскиот предизвик во климатска можност. Важноста на Европскиот Зелен Договор за адресирањето на климатските промени е огромна и затоа овој документ е препознаед и како новата стратегија за разој на Европската Унија. Тој е наменет да допринесе кон  адресирањето на климатските промени на повеќе нивоа – од активности во бизнис заедницата, преку индивидуалните и општествените промени до релевантни економски интервенции како креирањето на нови работни места . Амбасадорот ја нагласи и улогата на нашата земја во заедничката зелена агенда. Коронавирусот ја подигна свесноста за солидарност и заеднички одговор бидејки слидароснота и заедништвото се основата на развојот на ЕУ.

Заменик министер за животна средина и просторно планирање, г. Јани Макрадули Додека реалноста на Ковид 19 и укажа на нашите слабости и важноста на солидарноста и соработката, климатките активности станаа луксуз. Но преку силно лидерство, геополитичка соработка и стабилни институции научивме дека треба да инвестираме во иднината, а не во минатото. Заменик министер Макрадули ја истакна важноста на Зелениот договор за нашата земја. Ни треба нов Македонски зелен договор кој е интегративен, инклузивен и мултидисциплинарен. Утрешниот ден ја обележува улогата и важноста на биодиверзитетот, и напори треба да бидат наптавени кон неговата интеграција  градската средина. Од неоспоран важност е вложување во обновливите извори на енерија кои се од особена важност за малите и средните претпијатија. Истовремено, мораме да продолжиме со планот за чист воздух, масовен процес на трансформација на зградите кон енергетски ефикасни објекти, дигитализацијаа, улогата на науката и важноста на кредибилните извори на информации и вестите, како и  интегрирањето на свесноста за климатките промени во делувањето на приватниот сектор.

Мора да се препознае дека чистиот воздух е нераскинливо поврзан со климатките промени. Не потои вакцина за климатките промени и согласностс со тоа мора да се базираме на солидарност и креативност и да покажеме дека ние како земја можеме заеднички да изградиме нов Македонски зелен договор и да прераснеме во лидер во регионот на ова релевантно поле.

Директорката на Фридрих Еберт Штифтунг за Република Северна Македонија, г-ѓа. Ева Елерајт

г-ѓа. Ева Елерајт истакна дека Климатките промени преставуваат зеднички предизвик кој не препознава политички бои и треба да препознае напор кој треба да се направи за да се остави подобар свет на новите генерации. Ја препозна улогата на пандемијата во препознавањето на важноста и можноста за климатските промени. г-ѓа. Ева Елерајт изрази благодарност на Преседателот, за активности кои ги поддржува во земјата. Воедно истакна дека интердисциплинарноста е клучна кон адресирање на проблемот и формирање на прилагодени решенија кон секоја земја. Пва посебно се однесува на врската помеѓу сиромаштијата и климатките промени, бидејки ако ги заштитиме најранливите ние сме ги заштитиле сите.

 

Директорот на Хабитат Македонија, проф. д-р Зоран Костов

Проф. д-р Зоран Костов говореше за важноста на врската помеѓу Домувањто, енергијата и климаттките промени. Во неговото обраѓање тој ја истакна потребата за развивање на модели за енергетски ефикасни интервенции во секторот за домување посебно во објекти за фамилијарно домување.

Добитничката на престижната награда за животна средина „Голдман“ за 2019 г., г-ѓа. Ана Чоловиќ Лешоска.

Г-ѓа. Ана Чоловиќ Лешоска ја истакна важноста на Европскиот зелен договор и неговата важност посебно во времето на пандемијата. Истовремено ЕУ ја препозна важноста од вклучување на земјите на Западениот Балкан како неопходни партнеру  кон постигнување на климатка неутралност. Меѓу другото, таа истакна дел од клучните сегменти на зелената агенда како Декарбонизацијата, циркуларната економија, загадувањето. На крај, г-ѓа. Ана Чоловиќ Лешоска истакна дека политиките треба да бидат базирани на податоци а не на лично мислење. Затоа е исклучително важна улогата на истражувачите и научниците во трансформацијата на нашето општество

 

Конференцијата е поделена во пет работни сесии, во кои истакнати професори и експерти ги презентираа своите анализи и истражувања од областа на климатските промени, во текот на денешната конференција која ќе трае до 17.00 часот исите заинтересирани слушатели ќе моѓат да се приклучат преку следниот линк https://youtu.be/nNq6YgNV2hQ

 

На работните сесии ќе бидат дискутирани следните теми:

 

  1. Бизнис, економија, финансии и иновации – модерирана од проф. д-р Снежана Христова, Декан на Факултетот за деловна економија и организациони науки при Универзитет Американ Колеџ Скопје.
  2. Политика, правда, владеење и етика – модерирана од проф. д-р Марина Андева, Генерален секретар на Универзитет Американ Колеџ Скопје.
  3. Здравје и општество – модерирана од проф. д-р Ана Томовска Мисоска, Универзитет Американ Колеџ Скопје
  4. Вода-Енергија-Храна – модерирана од проф. д-р Ана Томовска Мисоска, Универзитет Американ Колеџ Скопје
  5. Урбано планирање, енергија и инфраструктура – модерирана од проф. д-р Миодрага Стефановска Петковска, Универзитет Американ Колеџ Скопје
  6. Глобални предизвици – модерирана од проф. д-р Миодрага Стефановска Петковска, Универзитет Американ Колеџ Скопје

 

Покрај учесниците од Македонија, на конференцијата свои излагања имаа и научници и истражувачи од повеќе земји, кои ги презентираа трудовите на теми поврзани со климатските промени, проблемите и предизвиците што се отвораат, како и можните солуции за овие состојби. Конференцијата беше проследена од голем број учесници и претставуваваше ретка можност за размена на идеи меѓу истакнати домашни и странски научници, како и помеѓу пријавените учесници и медиумите.

 

Програмата на конференцијата е достапна на http://aicei.uacs.edu.mk/.

 

 

За дополнителни информации: Рахела Евтимова, тел: 078 455 149; e-mail: rahela.evtimova@uacs.edu.mk,

 

Треба да знаете
Последни објави