Search

УНЕСКО препорачува Охрид да се стави на листата на загрозено светско наследство

УНЕСКО во најновиот извештај препорачува да го стави природното и културното наследство на Охридскиот регион на листата на загрозено светско наследство, како резултат на
недоволниот напредок до решавањето на проблемите и земајќи ги предвид постојаните закани и големите инфраструктурни и развојни проекти, кои што претставуваат потенцијална опасност.

Ваквата реакција доаѓа по низата платформи на кафетериите што се навлезени во езерото, најавите за градење на Галичица, хотелот во Лагадин, кој се гради на самиот брег, но и градбите во целиот регион, кој е заштитено богатство. Од УНЕСКО испорачаа низа барања од државата, а меѓу првите е да се прогласи мораториум на секакви урбани трансофрмации на брегот на Охридското Езеро, но и на каква било урбанистичка трансформација.

„Да се процени влијанието на нелегалните градби во заштитеното подрачје, а да се срушат сите оние што претставуваат опасност“, заклучува УНЕСКО во последниот извештај.

Треба да знаете
Последни објави