Search

Унгарскиот прeтседател го потпиша спорниот закон, утре нови протести во Будимпешта

Претседателот на Унгарија, Јанош Адер, го потпиша Законот за работни односи кој минатата недела предизвика масовни протести против Владата на премиерот Виктор Орбан во Будимпешта.

Спорниот закон, кој ги ублажува прописите за работните часови, го зголемува на 400 бројот на дополнителни работни часви кои работодавецот може да ги побара од вработените секоја година, а да им се исплаќаат три години подоцна. Адер, кој е политички сојузник на Орбан, наведува дека законот не ги намалува правата на работниците.

По усвојувањето на законот во парламентот почнаа демонстрации, а за утревечер се најавени нови во Будимпешта. На протестите дојде и до судир на учесниците со полицијата.
Протестот, кој почна неформално, подоцна беше поддржан од синдикатите и опозицијата.

Освен барање да се повлече законот, учесниците изразија и незадоволство од владејачката партија на Орбан кој е на власт од 2010 година.

Треба да знаете
Последни објави