Search

Унгарска пита Токи Помпос

Традиционална унгарска пита со компири …

Потребно е:
1 компир (околу 220 гр)
15 гр свеж квасец
160 мл топла вода
1 лажиче сол
320 гр брашно

за филот:
100 гр праз
100 гр фета сирење
100 гр суво месо
2-3 лажици кисела павлака
сол, бибер
путер

Подготовка:
– Прво преминете на подготовка на тестото. Излупете го компирот, исечете го на поголеми коцки и ставете да се вари во послоена вода, околу 10 минути. Исцедете го и испасирајте го како за пире. Оставете го 10-тина минути да се излади.

– Во чинија издробете го квасецот, додадете 1 лажиче шеќер и прелијте со 160 мл топла вода. Измешајте и оставете да стаса квасецот.

– Во еден подлабок сад ставете го брашното и додадете ги солта и пирето од компир. Со раце соединете ги сите состојки. Потоа додадете го стасаниот квасец и замесете тесто. Тестото треба да биде лепливо, но не треба да се лепи на прстите. Во тој случај додадете уште малку брашно. Работната површина посипете ја со малку брашно и ставете го тестото. Месете го 10-тина минути и вратете го во садот, покријте го со крпа и оставете го на топло да стаса 1-2 часа.

– За тоа време направете го филот. Празот исечете го на тркалца.

– Во тава на рингла сипете 1 лажиче маслиново масло и 1 коцка путер. Кога ќе се загрејат додадете го празот, прстофат сол и бибер, по вкус. Пржете додека да омекне празот, 2-3 минути. Оставете го на страна да се излади.

– Сувото месо исецкајте го на коцкички.

– Кога тестото доволно нарасне загрејте ја рерната на 200 целзиусови степени. Големата тава од рерна обложете ја со хартија за печење.

– Тестото ставете го на хартијата и со раце обликувајте го како правоаголниксо дебелина 1,5 см. Тестото е многу меко и лесно ќе го развлечете со раце. Оставете го уште 30-тина минути да се одмори.

– Ставете го да се пече во загреаната рерна околу 20 минути. Извадете го од рерна кога ќе почне да добива боја.

– Премачкајте го со павлака, издробете го сирењето на павлаката, распоредете го празот и посипете со сецканото суво месо. Вратете ја питата во рерна да се допече 5-10 минути.

– Послужете ја топла.

Треба да знаете
Последни објави