Search

Унгарија: Парламентот усвои контроверзен закон со кој се засилува контрола на Владата врз театрите

– Унгарскиот Парламент денеска усвои закон со кој се зголемува владината контрола врз театарската сцена во државата.  Законот беше донесен по итна постапка, со мнозинство гласови кои стојат зад конзервативниот-националистички премиер Виктор Орбан.

Сто и петнаесет пратеници беа „за”, а 53 беа „против”.

Пратениците од опозицијата за време на гласањето држеа црна театарска маска, јавија локални медиуми.

Предлог-законот предвидува формирање Национален културен совет за владино „централизирано стратешко управување со културните сектори” и се зголемува нејзината улога во управувањето со локалните театри и финансирањето.

Владата го повлече тој потег по големиот пораз на партијата „Фидес” на Орбан на локалните избори во октомври. Фидес загуби од опозицијата во Будимпешта и десет клучни градови.

Законот беше донесен и покрај петицијата што ја потпишаа повеќе од 50.000 луѓе. Критичарите предупредуваат дека назначувањето  театарски директор и преземањето контрола врз финансиите ја отвора вратата за задушување на уметничката слобода.

Треба да знаете
Последни објави