Search

Унгарија и Словачка отворија нов граничен премин преку Дунав

Во рамки на проект финансиран од Европската унија, ќе биде воспоставена фериботска врска, која ќе служи како нов граничен премин меѓу Унгарија и Словачка во рок од две години, објавија денеска официјални лица од министерствата на двете земји во Радвањ на Дунав.

Траектот ќе превезува возила, велосипеди и автомобили а по речен пат ќе ги поврзува винскиот регион Несмели во Унгарија и областа Радвањ во Словачка.

Се очекува дека ваквиот премин дневно ќе го користат околу 600 возила, пренесе МТИ.

Проектот вклучува изградба на паркинг простори, објекти за траектот, рампи од двете страни и патни врски.

Петер Кис-Парчиу, заменик државен секретар во унгарското Министерство за надворешни работи, на прес-конференција изјави дека владите на Унгарија и Словачка во 2014 година се согласиле да го зголемат бројот на граничните премини.

Во моментов, на границата долга 677 километри има 33 гранични премини, а планирано е до 2022 година да бидат изградени уште шест нови.

Треба да знаете
Последни објави