Search

Умтити: Во Барселона никој не зборува за Гризман

Откако Гризман најави дека по крајот на сезоната ќе го напушти Атлетико Мадрид, Французинот веднаш се најде во центарот на вниманието на светската фудбалска јавност.

Многумина сметаат дека следната дестинација на Гризман ќе биде Барселона, а деновиве се појавија гласини дека тој би можел да се пресели во редовите на париски ПСЖ.

За евентуалниот трансфер на Гризман во Барселона го запрашаа Самуел Умтити, стопер на Барселона и соиграч на Гризман во француската репрезентација.

„Дали Гризман ќе дојде во Барселона? Добро прашање. Не сум слушнал никого во соблекувалната да говори за Гризман. Можеби зборуваат за него кога јас не сум тука“, се пошегува Умтити.

Треба да знаете
Последни објави