Search

Умртвена крава „удрила” работник в лице

Вработен во кланица во јужниот германскиот град Ален се здобил со повреди во главата, откако „го удрила” умртвена крава, соопшти локалната полиција.

Во полициското соопштение се посочува дека кравата била усмретна „согласно прописите” и закачена на кука во кланицата со цел да почне обработката на нејзиниот месо.

Но, кога повредениот 41-годишен работник се доближил до крвата, таа го „удрила со нога в лице”.

Надлежните во кланицата објаснуваат дека најверојатно „ударот” би последица на „нервен импулс”, што не е невообичаена појава кај умртвени животни.

Треба да знаете
Последни објави