Search

Уметнички перформанс „Заеднички шепотења” во Делчево

Со читање на духовна поезија во дворот на црквата „Успение на Пресвета Богородица” во Делчево започна богатата уметничка програма на која со свои творби се претставуваат поети и сатиричари од Северна Македонија, Бугарија и Србија. Настанот, како што информираше сатиричарот Миле Ѓорѓијоски, е во организација на групата на поети „Заеднички шепотења”.
– На настанот имаме учесници од Македонија, Бугарија, Србија и Канада кои со роднокрајна духовна поезија се претставуваат пред присутните граѓани. Во периодот до другата манифестација се планира да се издаде и книга од овие творби на духовна поезија во која со свои песни ќе бидат застапени поети од повеќе земји од Балканот. Во рамки на настанот се одржува и промоција на заедничката книга на поезија на поетите од поетската група „Заеднички шепотења” во која со избор на свои песни се застапени поети од Македонија, Бугарија, Србија, БИХ, Хрватска и Црна Гора, а покрај нив со свои песни ќе се претстават и поети од Делчево, информира Ѓорѓијоски.
Додава дека за секоја наредна манифестација, планирана е промоција на нова книга на членовите од оваа поетска група.
Во попладневниот дел од настанот предвидени се уште две активности. Најпрвин следува промоција на антологијата на афоризми „Трагачи по парадокси” во чии рамки со свои афоризми ќе се претстават неколку македонски сатиричари, исто така афоризми од книгата ќе читаат и поетите од поетската група „Заеднички шепотења”. Третиот дел од денешниот настан ќе се одвива во просториите на Манастирскиот комплекс „Света Богородица Балаклија” Делчево, каде своја изложба ќе има академскиот сликар Сокол Маркоски. Се планира манифестацијата да биде традиционална и да се одржува секоја последна недела од месец мај.
Треба да знаете
Последни објави