Search

Умерен земјотрес регистриран во централна Аргентина

Земјотрес со интензитет од 5,8 степени според Рихтеровата скала синоќа е регистриран во централниот дел на Аргентина.

Епицентарот на земјотресот бил на 63 километри југозападно од градот Сан Луис, на длабочина од 10 километри.

Земјотресот бил почувствуван во провинциите Сан Луис, Мендоза и Сан Хуан.

Нема информации за евентуални настрадани и причинета материјална штета.

Треба да знаете
Последни објави