Search

Умерен земјотрес во близина на грчкиот остров Карпатос

Земјотрес со јачина од 5,1 степени по Рихтеровата скала е регистриран рано утрово во водите на Егејското Море, 78 километри југоисточно од грчкиот остров Карпатос, објави Геодинамичкиот институт на Атина.

Во соопштението се вели дека епицентарот бил 492 километри југоисточно од Атина.
Нема нформации за евентуални загинати или повредени.

Треба да знаете
Последни објави