Search

Умерено облачно време со температура до 27 степени

Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност и со умерен ветер од западен и југозападен правец. Попладне ќе има изолирана појава на краткотраен пороен дожд, претежно во планинските подрачја. Минималната температура ќе биде помеѓу 5 и 12, а максималната ќе достигне од 18 до 27 степени.

Во Скопје сончево време со умерена облачност и со слаб до умерен југозападен ветер.
Температурата ќе се движи од 9 до 24 степени.

Утре времето ќе биде стабилно и суво, а во четврток попладне и во петок повторно ќе има локална нестабилност со пороен дожд и грмежи. Дневните температури ќе бидат без поголеми промени.

Треба да знаете
Последни објави