Search

Ули Маурер избран за претседател на Швајцарија

Досегашниот министер за финансии Ули Маурер денеска,  од страна на Парламентот, беше избран за претседател на Швајцарија.

Шеесет и осумгодишниот Маурер на оваа функција ќе биде од 1 јануари до 31 декември 2019 година. Тој е член на десничарската „Швајцарска народна партија”,а во Владата е од 2009 година, каде бил и министер за одбрана. Маурер беше претседател и во 2013 година.

Швајцарскиот претседател е прв меѓу седуммината еднакви во Федералниот совет (Влада), чии членови ротираат на претседателската функција со едногодишен мандат.

Парламентот избра и две жени за министри: Виола Амхерд за енергетика и Карин Келер-Зутер, за економија. Во новата Влада има три жени и четворица мажи.

Треба да знаете
Последни објави