Search

Улици затворени кај Кале – МВР подготвена во целост да го сочува мирот и стабилноста на државата и граѓаните (Фото)

Почнувајќи од денеска од 18:00 часот, за сообраќај ќе биде затворена улицата Самуилова, на потегот од улицата Самуилова до крстосницата со улицата Прохор Пчињски.

На 04.02.2023 година во сабота, пак, на самиот ден на одбележувањето, посебен режим на сообраќај ќе се спроведе на улицата Лазар Личеновски и на улицата Самуилова.

Граѓаните, како што вели Спасовски, воопшто не треба да се грижат дека ќе бидат преземени сите мерки за достоинствено чествување, без никакво нарушување на јавниот ред и мир.

„Оваа држава има свои институции коишто се задолжени за зачувување на јавниот ред и мир. На основа на проценките, ќе биде активиран план кој ќе придонесе за мирно чествување. Присуството на полицијата треба да биде на наше задоволство, дека ќе се осигури мирно и достоинствено чествување, а не да се вознемируваме дека има присуство на полицајци. Тие се тие коишто нѐ штитат и ни создаваат атмосфера во којашто сите ние безбедно живееме и работиме“, нагласи министерот Спасовски 

Секторот за внатрешни работи Скопје апелира до сите граѓани да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници на сообраќајниците на кои ќе се одвива настанот, со цел безбедност на сите учесници во сообраќајот.

Треба да знаете
Последни објави