Search

Улицата Борис Сарафов, во општина Ѓорче Петров, доби нова атмосферска канализација

На ден 23.01.2020 (четврток) генералниот директор на ЈП Водовод и канализација – Скопје, г-дин Душко Весковски и градоначалникот на општина Ѓорче Петров, г-дин Александар Наумоски направија увид на завршените градежни активности на улицата „Борис Сарафов“, во општина Ѓорче Петров. По барање од Град Скопје и општина Ѓорче Петров, беше изработена проектно-техничка документација за атмосферската канализација по дел од ул.Борис Сарафов, во општина Ѓорче Петров. Со реализација на проектираната атмосферската канализација во должина од 600 метри и дијаметар од 400мм, се создадоа услови за идно проектирање, а потоа и изградба на атмосферска канализација и по другите улици во овој дел од неселбата. Трасата на атмосферската канализација е усогласена со решенијата за хидротехничка инфраструктура во ДУП  за овој локалитет.

ЈП Водовод и канализација – Скопје го обезбеди потребниот материјал за реализација на овој проект во вредност од 1.253.000,00 денари.

Треба да знаете
Последни објави